вторник, 17 ноември 2009

Ди Мариа сонува за Јунајтед:

http://www.soccerpie.com/wp-content/uploads/di-maria.jpg
Ангел ди Мариа е очаен по преселба во Манчестер, но не во клубот кој се заинтересира туку во овој црвен дел од градот.

30милиони проценетиот фудбалер, кој е трансфер цел на градскиот ривал Сити, изјави дека повеќе би сакал да игра за тимот на Алекс Фергусон.

Крилниот офанзивен играч на Бенфика Ди Мариа е еден од фудбалерите на кого му се предвидува блескава кариера, а исто така е баран и од Челзи.

Kако и да е, Ди Мариа се декларира како навивач на Јунајтед, и неговиот сон е некогаш да игра за својот омилен клуб од Олд Трафорд.

21-годишниот Ди Мариа вели: „Мојот сон е некој ден да играм за Манчестер Јунајтед, и нема да бидам задоволен додека не го исполнам тоа.

Кога го гледам Вејн Руни и сите нив на телевизија, неможам да чекам еден ден да играм за нив. Кога бев малечок исто ги гледав игрите на Арсенал, но Манчестер Јунајтед одсекогаш ме ипресионирал.

Шефот на стручниот штаб „Топџиите“ Арсен Венгер исто така проба да го ангажира Ди Мариа пред неговиот трансфер во Бенгика но трансферот пропадна во последен момент.

Аргентинецот додаде: „Бев возбуден од интересот на Венгер, и тогаш решив да го облечам дресот на Арсенал, но тоа никогаш не се случи“
Од она што ми го кажаа и го знам, парите за трансферот што биле ветени за мое ангажирање никогаш не се појавиле.

0 коментари: