недела, 1 ноември 2009

Манчестер Јунајтед 2 - 0 Блекбурн


Црвените Ѓаволи дојдоа до очекуваните три бода во дуелот со Блекбурн, Манчестер Јунајтед победи со 2-0.

По катастрофалните порази од Арсенал и Челзи, Блекбурн може да биде задоволен што прими само два гола од Манчестер Јунајтед.

Тимот на Фергусон ја имаше доминацијата, но погодоците дојдоа во вториот дел од натпреварот.

Во 55та минута Димитар Бербатов со убав погодок го скрши отпорот на гостите, и му донесе на Јунајтед водство од 1-0.

Победата ја завери Вејн Руни на три минути пред крајот на натпреварот.

На овој натпревар деби во дресот на Манчестер Јунајтед имаше Габриел Обертен, кој имаше и одлична шанса да го постигне и првиот погодок за шампионот.





0 коментари: