петок, 13 ноември 2009

Вејн Руни: Не планирам да го напуштам Манчестер Јунајтед:


Медиумите шпекулираа дека актуелниот Европски шампион ќе се обиде да го ангажира Вејн Руни во рекорден светски трансфер вреден 85 милиони фунти.

Исто така и неговиот поранешен соиграч Кристијано Роналдо го повика напаѓачот да му се придружи во Реал Мадрид, но Руни вели дека за него перфектен дом е Олд Трафорд.

“Убаво е тоа што клубовите ме приметуваат но јас кажав и претходно, јас сум навистина среќен во Јунајтед.” – рече Руни од Доха каде селекцијата на Англија се подготвува за пријателскиот натпревар со Бразил.

“Се додека клубот не ми го каже спротивното, не можам да се видам себеси како заминувам.”

“Имам уште две години од договорот по истекот на оваа и сум сигурен дека ќе постигнеме согласност за нов договор во следните неколку месеци.”

“Ми се допаѓа Олд Трафорд. Тоа е на само 30 минути од мојот дом и целата моја фамилија и јас имаме голема шанса за освојување на трофеи.”

0 коментари: