четврток, 12 ноември 2009

Ферги доби парична казна и суспензија од ФА поради критикувањето на судијата Вајли:


Фергусон го прифати обвинението за недолично однесување откако го критикуваше судијата Ален Вајли по натпреварот на Манчестер Јунајтед против Сандерленд на Олд Трафорд.

На сослушувањето на Регулаторната Комисија денеска, Фергусон ја доби својата казна - стратегот ќе мора да плати 20 000 фунти и да помине два натпревари на трибините, плус два условно.

“Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон е казнет со 20 000 фунти и доби суспензија од четири натпревари од кои два натпревари се условни и ќе важат до крајот на сезоната 2010/2011. ” гласеше соопштението на ФА.

Претседателот на Регулаторната Комисија, Питер Грифинс за официјалната веб страна на ФА рече: “Секој член на Комисијата го препознава успехот и остварувањата на Сер Алекс Фергусон и неговиот статус во фудбалот.”

“Со самото тоа што го реков, на Алекс Фергусон му беше ставено јасно до знаење дека со таков статус доаѓа и зголемена одговорност.”

“Комисијата ги разгледа изјавите, во контекстот во кои беа упатени, и тие не само што беа недолични туку беа крајно недолични и целосно несоодветни.”

“Тој никогаш не требаше да каже нешто такво.”

Двата натпревари за кои Ферги е условно осуден автоматски ќе се активираат доколку Фергусон е обвинет уште еднаш за слично прекршување на правилата до крајот на сезоната 2010/2011.

0 коментари: