четврток, 12 ноември 2009

Манчестер Јунајтед и Арсенал во битка за услугите на Јаја Туре:


Туре изминатово лето стави потпис на нов договор со Барса, откако мислеше дека е дел од долгорочните планови на Пеп Гвардиола но во новата сезона добива многу мала минутажа.

Вчера, агентот на Туре потврди дека неговиот клиент ќе почне да размислува за заминување од Барса доколку неговиот клиент и понатаму останува на клупата за резерви но ги негираше шпекулациите кои го поврзуваа Јаја со преселба во Манчестер Сити.

Сепак Дмитри Селук потврди дека голем број на гиганти од Европа се интересираат за услугите на Јаја Туре.

“Доколку тој замине од Барса, нема да се пресели во Манчестер Сити бидејќи ќе потпише за поголем клуб.” – рече вчера Селук.

Според Daily Mail Манчестер Јунајтед, Арсенал како и екипата на Интер го замолиле Селук постојано да ги информира за состојбата на Јаја и дали има нов развој околу евентуалното заминување од Камп Ноу.

Весникот вели дека Сер Алекс Фергусон е голем фан на играта на 26 годишниот дефанзивец од средниот ред, и најпрво ќе му даде шанса на Овен Харгривс да покаже дали може да игра повторно топ фудбал, пред да се реши за ангажман на интернационалецот од БСК.

Арсен Венгер исто така подолго време го следи Јаја Туре и во изминативе години често беше поврзуан со ангажман на играчот на Барса.

0 коментари: