сабота, 31 октомври 2009

Пол Сколс: Најдоброто од Јунајтед допрва доаѓа:


Избраниците на Сер Алекс Фергусон целат кон враќање на победнички патеки на денешниот дуел со Блекбурн откако загубија од Ливерпул минатиот викенд.

Се до дуелот на Енфилд, Јунајтед имаше серија од 11 натпревари без пораз во сите натпреварувања, и Сколс посакува тие да започнат нова победничка серија.

“Нема да кажам дека ние се мачиме, но не сме имале течна игра како што знаеме дека можеме.” – рече Сколс.

“Имаше добри натпревари – како оној против Тотенхем на гостински терен – каде што се дојде заедно, но мислам дека најдоброто од нас допрва ќе дојде.”

“Не сме многу загрижени поради формата, бидејќи по традиција ние не играме добро на стартот од сезоната.”

“Разликата овој пат е што, често победуваме на натпреварите па не можам да се жалам премногу.”

“Но би сакале да се вратиме на врвот од шампионатот со стил.”

“Некои тимови можеби се задоволуваат само со резултат но ние во Јунајтед целиме кон нешто повисоко.”

0 коментари: