Менацерот на Манчестер Јунајтед инсистира дека не постои никаква шанса Нани да си замине од Олд Трафорд.
23 годишниот крилен играч на Манчестер Јунајтед не успеа да се проби во првиот тим на Фергусон и беше изоставен од големите натпревари на Јунајтед против Манчестер Сити, Тотенхем и Ливерпул.
Се шират шпекулации дека Нани е незадоволен и дека посакува да го напушти Олд Трафорд но Фергусон инсистира дека Нани нема да замине од клубот.
"Неколку големи клубо покажаа интерес за Нани како Милан и Бенфика но нема контакт со нас и не сакаме да го продадеме " - изјави Ферги за the Sunday Mirror
"Тој има само 23 години. Ако некој испрати понуда за Нани во јануари ние ќе ја одбиеме и ќе одговориме дека Нани останува на Олд Трафорд. Тој не си заминува."
Шкотланѓанецот исто така изјави дека Нани е во комбинација за дуелот со Тотенхем кој се игра во рамките од Карлинг Купот.
"Тој е младо момче и сака да игра и можеби ќе добие шанса во вторник."
"Тој не игра поради тоа што Валенсија игра во одлична форма и Обертан се покажа како интересно крило."
Менаџерот на Црвените Ѓаволи исто така нагласи дека Нани ќе ја има својата шанса и се надева дека ќе ја искористи.
Тој додаде: "Нани не е во криза но едноставно минатите недели неа беа добри за него."
"Јас зборував со него и му кажав дека клубот нема да го продаде."
Извор!
понеделник, 30 ноември 2009
Сер Алекс Фергусон: Нани нема да замине од Олд Трафорд:
Објавено од goodlife_filipsis во 17:05
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
0 коментари:
Објави коментар