среда, 26 август 2009

Фергусон е задоволен од прогресот на Валенсија:


Менаџерот на Јунајтед е задоволен како се вклопува Антониот Валенсија во тимот.

"Гледаме потенцијал во Антонио, особено на тренинзите" - вели Фергусон.

"Одлично работи. Брз е и има баланс. Силен е и добар додавач".

"Има сегменти во кои треба да напредува и ние имаме идеа како да го направиме тоа. Момчето има шанса".

"Некои фудбалери доаѓаат во клубот и брзо се прилагодуваат, на некои им е потребно време. Тој ќе биде добар".

Ферги признава дека можеби направил грешка што не го ставил Валенсија во првиот тим за натпреварот против Барнли.

"Можеби требаше да го ставиме Антонио на натпреварот на Турф Мур".

"Тој ми беше планиран за натпреварот против Виган. Не знаете како се справуваат со натпреварите сабота-среда-сабота-среда во овој клуб. Секој е поинаков".

"Бидејќи тој беше нов фудбалер, решив да го одморам на натпреварот против Барнли" - заврши Фергусон.

0 коментари: