сабота, 8 август 2009

Фергусон: Тешко е да се скрши големата четворка:


Фергусон смета дека Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челзи и Арсенал повторно ќе се борат за првите места во Премиер лигата.

"Тешко е за секој тим да ја скриши големата четворка, бидејќи овие четири екипи имаат постојаност и квалитет" - вели Ферги.

"Во изминатите неколку години овие тимови се бореа во полуфиналињата и финалињата на Европскиот Куп. Тоа е одлична постојаност и високо ниво на игра".

"Сметам дека секој во Европа ја препознава англиската лига како силна, и покрај тоа што некој луѓе сметаат дека Реал Мадрид и Барселона повторно почнуваат да доминираат. Се сомневам во тоа".

Сити значително се засили успевајќи во своите редови да ги донесе Коло Туре, Емануел Адебајор, Карлос Тевез, Роке Санта Круз и Герет Бери.

"Ние, Ливерпул, Челзи и Арсенал следиме што се случува таму и како тоа ќе функционира".

"Ги гледате парите кои се трошат, секоја недела Сити е на насловните страници".

"Никој од нас на таков начин не влезе на трансфер пазарот. А факт е дека продадовме фудбалери. Навистина е тивко кај екипите од големата четворка" - заврши Фергусон.

0 коментари: