петок, 14 август 2009

Фергусон: Ќе пишуваме историја:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон верува дека неговиот тим е дотолку добар што може да ја пишува историјата на англискиот фудбал во наредната сезона.

Image

Шкотланѓанецот е убеден дека црвените ѓаволи имаат сила по четврти пат да ја освојат титулата во Англија.

„Сакаме да го направиме тоа - по четврти пат да ја освоиме шампионската титула. Тоа ќе биде неверојатно постигнување бидејќи сите знаат колку е тешко да се победува во Англија, Минатогодишниот успех сам по себе беше страшен. Овој пат нема да мораме да играме на Светското клупско првенство па според тоа нема да мораме да играме дополнителни натпревари кои ги заморуваат играчите така да шансите ни се реални“, изјави Фергусон.

0 коментари: