петок, 7 август 2009

Ферги:Нема потреба да трошиме пари за да сме на врвот:

Менаџерот на англискиот шампион Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон изјави дека црвените ѓаволи немаат потреба да трошат астрономски сум за засилувања со цел да бидат на врвот.

Image

„Нема потреба да трошиме пари за да се бориме за место на вровот, ние сме на врвот најмногу благодарејќи на долгорочната стратегија да купуваме млади и талентирани играчи во кои гледаме потенцијал еден ден да бидат најдобри фудбалери“, изјави Ферги за „Манчестер ивнинг њус“.

Мислам дека во текот на сиве овие години сме покажале дека не ни е страв да трошиме и често сме рушувале рекорди за исплатена оштета но само кога сме чувствувале дека тие трансфери имале смисла пред се од финансиски карактер“, дополни Алекс Фергусон.

Како што е веќе познато Манчестер Јунајтед ја продаде суперѕвездата Кристијано Роналдо на Реал Мадрид за сума од 94 милиони евра а исто така се раздели и од аргентинскиот напаѓач Карлос Тевес кој пак замина во градскиот ривал Сити. Истовремено ѓаволите во своите редови ги донесија еквадорското крило Антонио Валенсија и халфот на францускиот шампион Бордо, Габриел Обертан. Најмногу полемики сепак привлече трансферот на Мајкал Овен кој дојде на Олд Трафорд како слободен играч.

0 коментари: