вторник, 25 август 2009

Руни ги фали Овен и Бербатов:


Руни постигна два гола против Виган и влезе во групата на фудбалери кои постигнале преку 100 гола за Јунајтед.

Против Виган и Мајкл Овен и Димитар Бербатов ги постигнаа своите први голови во новата сезона.

"Убаво е кога ќе постигнеш 100 гола за некој посебно за клуб како Јунајтед" - изјави Руни.

"Задоволен сум со тоа но најважно е што освоивме три бода".

"Убаво е, но тоа е нешто на кое ќе се навратам откако ќе престанам да играм. Имам уште многу натпревари и многу голови пред мене, па ова е нешто на кое не му обрнувам многу внимание во моментов".

"Сите се среќни што Димитар Бербатов и посебно Мајкл Овен постигнаа голови. Тоа е одлично чуство за сите што ние тројца постигнавме голови".

"Да се постигнат три гола на гостински терен секогаш е тешко во Премиер лигата, но ние го направивме тоа".

"Тоа беше одлична реализација од Мајкл. Можевте да ги видите сите на клупата и сите фанови кои беа таму дека беа пресреќни бидејќи тој постигна погодок, па се надеваме дека така ќе продолжи" - изјави Руни.

0 коментари: