недела, 9 август 2009

Алекс Фергусон: Судијата го реши натпреварот:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед го обвини судијата Крис Фој за поразот од Челзи во Комјунити Шилд. „Црвените Ѓаволи“ го загубија првиот трофеј по полошото изведување на пеналите.

Image

Средбата во редовниот дел заврши со 2:2. Гневот на Шкотланѓанецот е најголем за вториот гол на Челзи со кој Лондончани поведоа со 2:1. Тогаш Балак го удри Евра и додека французинот лежеше на теренот сините тргнаа во напад по што Лампард го постигна вториот гол на натпреварот за Челзи.

„Судијата очигледно виде фаул, бидејќи Балак очигледно го удри со лакт. Разочаран сум бидејќи тој ја сопре играта два пати пред тоа кога мислеше дека има серозни повреди. На крај тој инцидент не чинеше победа. Ние бевме во сива зона, ја сопревме играта“, изјави Фергусон кој влезе во теренот по крајот на натпреварот и побара објаснување од судијата за посочената ситуација.

0 коментари: