среда, 5 август 2009

Фегусон го отпиша Ливерпул:


Сер Алекс Фергусон ќе атакува на четврта титула по ред со Манчестер Јунајтед и знае дека конкуренцијата оваа сезона ќе биде голема.

Минатата сезона Ливерпул финишираше на втората позиција со четири бода помалку од Јунајтед.

Ливерпул во престојната сезона ќе атакува на титулата, но Фергусон смета дека Челзи ќе биде главниот конкурент на Манчестер Јунајтед.

"Ќе биде тешко за Ливерпул да ја надминат минатата сезона. Сега останатите клубови подобро ја познаваат нивната игра" - изјави Фергусон за Sun.

"Ливерпул лани веројатно ја имаше својата најдобра сезона во последните 20 години и покрај тоа завршија со четири бода заостанување".

"Челзи ќе биде главниот конкурент. Анчелоти ќе ја промени нивната игра".

Фергусон вели дека и покрај заминувањето на Кристијано Роналдо и Карлос Тевез, Јунајтед има доволно талент во составот да го покрие нивното заминување.

"Луѓето имаат погрешно размислување за нашата ситуација и тие ја потценуваат нашата способност да ги подобриме фудбалерите".

"Тоа е полето во кое во минатото докажавме дека можеме да бидеме успешни".

"Имаме големи очекувања од Еванс, Велбек, Гибсон, Македа и браќата Да Силва".

"Нани и Андерсон веќе докажаа дека можат да бидат добри, но тие ќе напредуваат оваа сезона".

"Ќе ни недостасуваат головите на Роналдо, тоа е јасно".

"Но Бербатов ќе игра добро оваа сезона. Руни и Овен се способни да дадат по 20 гола, па имаме многу опции" - заврши Фергусон.

0 коментари: