понеделник, 10 август 2009

Судијата ни ја украде победата:

Не требаше долго да се сочека реакцијата на менаџерот на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон по поразот од Челзи во Комјунити Шилд и спорниот гол со кој сините поведоа со 2-1. Регуларниот дел заврши со 2-2, а Челзи стигна до трофејот по подобро изведување на пенали.

Но Френк Лампард постигна погодок по акцијата во која претходеше прекршок на Михаел Балак над Патрис Евра. ТВ снимката потврди дека Германецот намерно го удри Евра во лицето, но судијата не ја прекина играта.

"Судијата сигурно јасно виде дека Балак со лакт го удри Евра, беше на линијата кога се случи инцидентот. разочаран сум бидејќи пред тоа два пати ја прекинуваше играта кога играчите лежеа на тревата. Тој инцидент нас не чинеше победа. Сепак требаше да го решиме мечот во првото полувреме", изјави Шкотланѓанецот.

Од друга страна Лампард не мисли дека има нешто спорно во победата.

"Сите ги знаат правилата. Кога судијата ќе ја прекине играта, дури тогаш играчот застанува. И фудбалерите на Манчестер сигурно би постапиле исто", објасни играчот од средниот ред на Челзи.

0 коментари: