среда, 26 август 2009

Бербатов: Сакам да ја освојам Лигата на Шампионите:


Бербатов не крие дека бил многу разочаран по поразот од Барселона во ланското финале од Лигата на Шампионите.

Кога Јунајтед го совлада Челзи во Москва, Бугаринот беше фудбалер на Тотенхем па тој го нема освоено големото натпреварување.

"После она што се случи во финалето минатата година, мислам дека сме уште поодлучни во Европа оваа сезона" - изјави Бербатов за официјалната страна на Јунајтед.

"За мене поразот во Рим беше голема фрустрација бидејќи јас не бев во клубот кој тој победи во Москва, јас никогаш не сум ја освоил Лигата на Шампионите, па поразот од Барса беше многу вознемирувачки".

"Оваа година наша цел е да го изодиме целиот пат до Мадрид. Бернабе е еден од најдобрите стадиони во светот и знам дека сме доволно добри за повторно да стигнеме до финалето и овој пат да победиме".

0 коментари: