среда, 5 август 2009

Фергусон: Сопствениците не ми забранија да трошам:


И покрај тоа што Јунајтед доби рекордна сума од 80 милиони фунти од продажбата на Кристијано Роналдо, Фергусон потроши само околу 20 милиони фунти за ангажман на Антонио Валенсија и Габриел Обертан.

Додатно, Ферги го ангажираше Мајкл Овен, кој пристигна како слободен играч, додека пак големиот талент од Сенегал, Бирам Диуф ќе се пресели на Олд Трафорд во јануари.

Стратегот на Јунајтед уште еднаш објасни дека сопствениците на клубот, семејството Глејзер не му ставило забрана за трошење на пари и одлуката за купување на нови играчи е само негова.

“Не обрнувајте внимание на циниците кои сугерираат дека сопственицте ставија забрана на трошењето.” – рече Фергусон.

“Верувајте ми, тоа беше чиста фудбалска одлука.”

“Можеби е Шкотот во мене но верувам во правилната вредност, дури и кога трошам туѓи пари, цената што ја бараа клубовите за играчите за кои бевме заинтересирани едноставно не беа реални.”

“Она што треба да го запомните е дека ние работиме од позиција на цврстина.”

“Не е потребно одеднаш да потрошиме огромна сума на пари за да бидеме компетитивни и да бидеме на врвот.”

0 коментари: