четврток, 6 август 2009

Ферги размислува за позајмица на Клеверли:


Надежниот играч од средниот ред ги поттикна интересите со своите настапи за Лестер Сити каде играше на позајмица.

Клеверли настапи за Јунајтед во пријателскиот меч против Валенсија и го постигна вториот погодок против шпанскиот тим.

Фергусон потврди дека ја бара најдобрата опција за трансфер на 19-годишниот фудбалер.

"Искрено, не знаеме како да постапиме. Многу клубови се интересираат за него, всушност еден до два клубови од Премиер лигата"- кажа Фергусон.

"Тоа момче ќе биде добар фудбалер, но му треба искуство и затоа гледам да замине некаде на позајмица"- додаде тој.

Клеверли беше презадоволен со својот погодок против Валенсија и вели дека му препушта на менаџерот да ја реши неговата иднина.

"Минатата недела ми кажаа дека ќе почнам да тренирам со првиот тим од оваа недела и потоа ме ставија во составот. Се се случи набрзина и со одлед на тоа што ми беше прв натпревар на "Олд Трафорд" заврши одлично"- кажа Клеверли.

"Не сум сигурен за мојата иднина. Планот беше да заминам на позајмица, но ќе мислам за иднатата од натпревар во натпревар"- додаде младиот фудбалер.

0 коментари: