вторник, 11 август 2009

Руни верува дека може да го замени Роналдо:


Сер Алекс Фергусон го предизвика Руни оваа сезона да ја надмине границата од 25 погодоци и да помогне да се намали отсуството на Кристијано Роналдо.

Англискиот интернационалец е убеден дека може да се справи со притисокот и да му помогне на клубот да стигне до четврата титула во низа.

“Немам ништо против со поголемата одговорност сега кога Кристијано замина.” – рече Руни. “Имало големи очекувања од мене во последните седум години и без разлика дали Роналдо ќе продолжеше да игра или не, очекувањата ќе беа присутни. Никогаш ништо не се променило околу тоа.”

Руни има добар старт на сезоната откако на дуелот со Челзи во рамките на Комјуните Шилд постигна погодок во завршните минути од натпреварот за изедначување на резултатот.

“Менаџерот рече дека сега јас ќе играм повеќе како централен напаѓач. Често пати кажував дека таа е позицијата која ја преферирам и бев задоволен што на дуелот со Челзи играв таму.”

“Не знам дали тоа ќе биде случај цела сезона. Менаџерот треба да донесе одлука. Јас само се надевам дека таму ќе играм во поголемиот дел од сезоната.”

“Доколку продолжам да постигнувам погодоци од таа позиција ќе биде оправдано играњето на таа позиција и ќе нема потреба да играм по страничните позиции.”

Руни исто така очекува голема помош и од Димитар Бербатов, кој не ги оправда очекувањата во првата сезона на Олд Трафорд.

“Може да се види од тренинзите и пријтелските натпревари дека Димитaр Бербатов е многу подобар.”

“Изгледа дека е многу поодлучен. Тој дефинитивно работи понапорно и се обидува да импресионира.”

“Има квалитет да го стори тоа. Тој е брилијантен играч.”

0 коментари: