петок, 28 август 2009

Ферги верува во доминација на англиските тимови:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон верува дека англиските тимови ќе доминираат во Лигата на Шампионите оваа година.Image
Во изминатите три години по три англиски тимови се наоѓале во 1/2 финалињата од ова натпреварување.

Алекс Фергусон верува дека претставниците од Премиерлигата - Јунајтед, Челзи, Ливерпул и Арсенал повторно ќе стигнат до самиот врв и оваа година.

"Во изминатите неколку години тимовите од Премиерлигата се наоѓаат во составот на топ 4 тимовите во Европа." - вели Фергусон.

"Тоа е фантастично ниво на перформанс."

"Луѓето го познаваат тоа во Англија, иако некој мислат дека Реал Мадрид и Барселона ќе доминираат, јас имам свој став."

"Мислам дека англиските тимови ќе се во 1/2 финалињата повторно."
- заврши Ферги.

0 коментари: