вторник, 11 август 2009

Руни: Манчестер нема да биде во сенка:

Вејн Руни, извондредниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, оваа сезона мора да даде се од себе за клубот од Олд Трафорд.

Image

Со заминувањето на Кристијано Роналдо Руни стана првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, меѓутоа понекогаш грубиот фудбалер не мисли дека неговиот клуб ова лето е послаб од порано.

Ќе играме различно. Ќе го промениме стилот на игра, но навиките ќе останат исти. Манчестер Јунајтед сигурно нема да биде во ничија сенка, бидејќи ќе ги ловиме титулите во сите натпреварувања.“ - вели Руни за Би-Би-Си и додава:

Два пати по ред игравме во финалето од Лигата на Шампионите, во домашното првенство веќе неколку години стоиме на тронот. Ние сме голем клуб кој не го губи тлото под нозете кога ги губи добрите играчи.“

Не сме љубоморни на Реал Мадрид или пак на Манчестер Сити. Никогаш не бевме клуб кој расфрлаше пари за големи играчи, едноставно се водиме според тезата дека парите не ги купуваат титулите.“ - заврши тој.

0 коментари: