четврток, 6 август 2009

Дејвид Гил: Јунајтед заврши со трошење за ова лето:


Дејвид Гил потврди дека Манчестер Јунајтед нема да донесе уште некое засилување ова лето, и уште еднаш кажа дека тие повеќе нема да купуваат фудбалери кои имаат повеќе од 27 години.

"Ние нема да бидеме на пазарот за да даваме големи пари за фудбалери кои имаат 27, 28 или 29 години" - го кажува ставот на клубот Дејвид Гил.

"Тоа би бил нивни последен договор и после тој договор тие не би вределе многу пари".

"Ние би биле задоволни кога би платиле за фудбалери кои се на возраст од околу 25 години".

Иако собра солидна сума од трансферот на Кристијано Роналдо, Сер Алекс Фергусон не потроши многу ова лето.

"Мислам дека завршивме со трошењето за ова лето. Задоволни сме со составот кој го имаме во моментов, и имаме големи очекувања од младите фудбалери Фредерико Македа и Дани Велбек".

"Тоа што ние имаме многу пари во банка не значи дека треба да ги потрошиме. Луѓето треба да му веруваат на Фергусон" - изјави Гил.

0 коментари: