вторник, 25 август 2009

Лука Модриќ не е запознаен со интересот на Јунајтед:


Медиумите од Англија вчера објавија дека Сер Алекс Фергусон се подготвува за атак кон услугите на Хрватскиот интернационалец.

Сепак плејмејкерот на Тотенхем вели дека не е запознаен со интересот на Црвените Ѓаволи и инсистира дека е среќен да остане на Вајт Харт Лејн.

“Не знам ништо околу шпекулациите кои ме поврзуваа со Манчестер Јунајтед.” – рече Модирќ за Sportske Novosti.

“Прочитав за тоа во весниците, и еден весник дури објави цитати од мене како велам дека сум среќен поради тоа што сум на радарот на Сер Алекс.”

“Но вистинате е дека никогаш не сум кажал нешто такво. Тоа не беа мои зборови.”

“Се чуствувам добро во Тотенхем и не размислувам за преселба во друг клуб. Мојот договор истекува до 2013 и јас сум фокусиран само на останување во клубот.”

“Нема да бидам изненаден доколку Тотенхем ми понуди нов договор бидејќи тоа вообичаено се случува во Англија. Но моите чувства нема да се променат доколку тоа не се случи.”

“Среќен сум на Вајт Харт Лејн и ќе продолжам да го давам максимумот за Тотенхем како и секогаш.”

Модриќ исто така е задоволен од одличниот старт на Спарс во новата сезона.

“Се е перфектно, навистина не можам да се пожалам.”

“Мислам дека најважна работа е што истиот тим остана заедно преку летото. Сега сме многу посилни и тренерот Реднап од нас направи прав тим.”

“Големата четворка сеуште се пред нас и другите, а и Манчестер Сити исто така е голема опасност.”

“Но и ние имаме голема амбиција. Не сакаме да говориме за борба за влез во топ четворката, но нашата цел е да се биде во топ шест на крајот од сезоната. Мислам дека сме доволно добри за тоа.”

0 коментари: