сабота, 8 август 2009

Ферги гледа голема иднина во Македа:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс фергусон го гледа 17-годишниот Федерико Македа како стартер во новата сезона од Премиер Лигата.Image
Манчестер Јунајтед секогаш знае како со младите играчи. Многу млади играчи поминале низ палката на Фергусон, а потоа станале големи звезди. Се очекува нешто слично да биде и со младиот тинејџер, Федерико Македа. Македа блесна во дресот на Манчестер Јунајтед уште од неговиот прв меч, каде со неговиот погодк во 92-та минута, Манчестер Јунајтед славеше со 3:2 против Астон Вила.

"Ќе ми зададе вистински проблеми." - вели Фергусон.

"Имам големи очекувања од него. За негови години, тој е врвен, врвен фудбалер."

Многумина очекуваа Фергусон да купи уште еден играч за во нападот покрај Бербатов,Руни и Овен, но Фергусон е уверен дека нема потреба за тоа.

"Македа ќе одигра важни натпревари оваа сезона. Некогаш ќе биде и стартер. Зашто да купувам друг напаѓач, кога тука ми се Кико (Македа) и Дени (Велбек)." - заврши Ферги.

0 коментари: