недела, 30 август 2009

Манчестер Јунајтед со пресврт до победа против Арсенал!


Интересен натпревар полн со возбудувања одиграа Манчестер Јунајтед и Арсенал кој го добија Црвените Ѓаволи со 2-1.

Топџиите имаа одличен резултат по првиот дел, играа добро, но поразени се враќаат во Лондон.

Арсенал поведе во 40та минута со прекрасен погодок на Андреи Аршавин.

Во 58та минута судијата досуди сомнителен пенал над Вејн Руни по еден старт на Мануел Алминуија

Реализатор на најстрогата казна беше Руни за голема радост на Олд Трафорд и израмнување на 1-1.

Три минути подоцна Робин ван Перси изведе прекрасен слободен удар кој заврши во пречката од голот на Фостер.

Веќе во следната акција Манчестер Јунајтед дојде до пресврт, несреќниот Диаби си постигна автогол кој значеше победа за домаќините.

Во последните моменти од натпреварот Ван Перси постигна гол за Арсенал, но тој беше поништен поради офсајд од Галас.

По четирите победи, две во Премиер лигата, две во Лигата на Шампионите, ова беше првиот пораз на Арсенал во новата сезона.

По неубедливите натпревари во првите натпревари, Манчестер Јунајтед со победа против големиот ривал се враќа во вистинскиот колосек.

0 коментари: