вторник, 4 август 2009

И Манчестер во трка за Рибери:

Англискиот првак Манчестер Јунајтед се подготвени да понудат 35 милиони фунти за Франк Рибери. Баерн досега лесно ги одбиваше понудите од Реал Мадрид, кои ги сметаше за непочитување и ароганција на кралскиот клуб, но според англиските медиуми, "баварците" се подготвени да разговараат со клубот од Олд Трафорд, но за сума од околу 50 милиони фунти.

Сер Алекс Фергусон во Рибери ја гледа вистинската замена за Кристијано Роналдо кој се пресели во Реал Мадрид. Освен Манчестер Јунајтед и менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти истакна дека сака да го доведе Францускиот репрезентативец на Стемфорд Бриџ.

0 коментари: