петок, 14 август 2009

Невил: Јунајтед може да дојде до историската титула и без Роналдо:


Гери Невил кој во сабота нема да биде во комбинација за натпреварот против Бирмингем, до сега има осум лига титули со Манчестер Јунајтед.

Заминувањето на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид може да биде сериозен удар за Манчестер Јунајтед.

Но Невил смета дека и без него Црвените Ѓаволи можат да ја освојат титулата во Премиер лигата оваа сезона со што би биле првиот тим во Англија со четири титули по ред.

"И порано сме гледале како големи фудбалери го напуштаат клубот па сме се справувале. Играв со Рој Кин повеќе од десет години и никогаш не мислев дека би можеле да го замениме" - вели Невил.

"Никогаш нема да можеме, исто како што нема да можеме да го замениме Роналдо, но можеме да се адаптираме. Рој замина, Питер Шмајхел замина, Ерик Кантона замина, но клубот останува успешен".

"Видете како играат Михаел Карик и Дарен Флечер во последните две години и ќе видите дека сме го преживеале заминувањето на Кин".

"Истото ќе биде и со Роналдо. Кога ќе изгубите некој кој постигнува толку многу голови секогаш е лошо, но имаме и други фудбалери кои знаат да го прават тоа".

"Нани и Парк ќе се борат да го освојат тоа место, а головите нема да бидат проблем".

"Мајкл Овен ни се приклучи, тука е и Вејн Руни и Димитар Бербатов".

"Ние секогаш сакаме да ја освоиме лигата. Да се достигне бројката од 19 не е нешто за кое зборуваме, но би било фантастично доколку го направиме тоа".

"Ќе биде неверојатно тешко. Никој до сега не успеал да освои четири лига титули во серија, што е навистина тешко. Но ние не можеме да мислиме цело време на рекордите" - заврши Невил.

0 коментари: