четврток, 6 август 2009

Фергусон во дилема за избор на голман:


Едвин ван дер Сар ќе биде отсутен два месеци откако скрши два прста за време на Ауди Купот во Минхен, а Бен Фостер и Томаш Кушчак се борат за неговото место за натрпеварот на "Вембли" во недела.

Фостер може најмногу да добие во ситуацијата бидејќи се очекува да биде повикан во селекцијата на Фабио Капело за следниот пријателски меч против Холандија. Сепак, Кушчак се надева на повик од Полска и повик од Фергусон може да му биде добредојден за исполнување на целта.

"Морам да донесам одлука околу изборот на голман за недела"- кажа Фергусон.

"И Бен и Томаш имаат неверојатно квалитети. Томаш два пати одбрани против Валенсија, како и против Бока Јуниорс, па ќе видиме"- додаде тој.

Обложувањата се на Фостер откако Фергусон истакна дека ќе го надмине Дејвид Џејмс како прв избор на Капело за Светскиот куп следното лето.

Сепак,Фергусон нема проблем само на голманската позиција откако претрпе и мали кризи во задниот ред.

Немања Видиќ, Вес Браун, Гери Невил и Рафаел да Силва не беа присутни на вчерашниот меч против Валенсија, а со тоа се отфрлаат и за мечот против Челзи.

0 коментари: