среда, 5 август 2009

Барса и Манчестер Јунајтед на врвот на Светскиот Клубски Ранкинг според IFFHS:


Интернационалната Федерација за Фудбалска Историја и Статистика ја издаде последната табела на Светскиот Клубски Ранкинг за периодот од 1 август 2008 до 31 јули 2009 година.

Финалистите од Лигата на Шампионите, Барселона и Манчестер Јунајтед се на делба на првото место со по 315 бода.

На третото место се искачи освојувачот на Купа Либертадорес екипата на Естудијантес додека пак пад од едно место забележа Челзи кој сега се наоѓа на четвртото место.

Освојувачот на УЕФА Купот (сегашна Европска Лига) Шахтјор Доњецк се проби до петто место.

Во првите десет уште се најдоа и екипите на Ливерпул, Арсенал, Хамбургер, Гремио и Крузеиро.

Најголемиот потрошувач во овој летен трансфер пазар, екипата на Реал Мадрид се најде на 36то место додека пак едно местопогоре е екипата на Милан.

Топ 20 екипи според IFFHS:

1. Барселона 315
Манчестер Јунајтед 315
3. Естудијантес 295
4. Челзи 276
5. Шахтјор Доњецк 257
6. Ливерпул 248
7. Арсенал 247
8. Хамбургер 240
9. Гремио 224
10. Крузеиро 221
11. Динамо Киев 220,5
12. Јувентус 215
13. Баерн Минхен 211
14. Вердер Бремен 210
Бока Јуниорс 210
16. Интернационал 204
17. Палмеирас 193
18. Интер 191
19. Олимпик Марсеј 189
20. Удинезе 187

0 коментари: