среда, 5 август 2009

Овен вечерва ќе се обиде да го импресионира Капело:


Вечерва на Олд Трафорд, Манчестер Јунајтед ја пречекува Валенсија во пријателски натпревар.

Мајкл Овен одигра неколку одлични натпревари во подготвителниот период со што го привлече вниманието на Капело.

Ован веќе 14 месеци не бил повикан во националниот тим, негов последен натпревар е пријателскиот против Тринидад и Тобаго.

Новото засилување на Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го импресионира селекторот со цел да се врати во репрезентацијата која веќе се подготвува за Светското Првенство во Јужна Африка.

Англија на 12ти авгус игра пријателски натпревар со Холандија во Амстердам, Капело сеуште не го соопштил составот на Гордиот Албион за тој натпревар.

0 коментари: