28-годишниот Овен Харгривс, скоро заборавениот играч за врска на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, за недела дена од Соединетите Американски Држави се враќа во Манчестер.
„Важно е да му се пружи потребното време за враќање. Бевме во постојан контакт. Харгривс заедно со нашите физиотерапевти се враќа за недела дена во Манчестер.“ - изјави менаџерот на Јунајтед Сер Алекс Фергусон не прогнозирајќи кога англичанецот ќе добие шанса за враќање на теренот.
Последниот натпревар за Манчестер Јунајтед го одигра на 21-ти септември минатата година кога, неговиот тим ремизираше со 1:1 против Челзи.
0 коментари:
Објави коментар