понеделник, 24 август 2009

Манчестер Јунајтед подготвува понуда за Робен?


Холандскиот фудбалер во овој преоден рок често се поврзуваше со заминување од Реал Мадрид.

Последен клуб со кој го поврзуваат медиумите е Манчестер Јунајтед.

Сер Алекс Фергусон изјави дека завршен е преодниот рок за Манчестер Јунајтед, но и покрај тоа се верува дека Црвените Ѓаволи би понудиле 25 милиони фунти за Робен.

Робен импресионираше на подготовките на Реал Мадрид, но составот на Кралевите е голем и тие ќе треба да продадат дел од своите фудбалери.

Робен бил блиску до потпис со Јунајтед и претходно, но тој одлучи да ја прифати понудата на Челзи во 2004 кога од ПСВ се пресели на Стемфорд Бриџ.

Фергусон сеуште има голем дел од средствата кои ги доби за трансферот на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид.

0 коментари: