среда, 26 август 2009

Андерсон: Не сакам да си заминам од Јунајтед:


Андерсон има само еден старт во новата сезона, на натпреварот против Барнли и тоа на левата крилна позиција.

Англиските медиуми синоќа објавија дека Андерсон разочаран од својот статус имал расправија со Сер Алекс Фергусон по што се верува дека ќе замине од Манчестер Јунајтед.

Една од причините за нервозата на Андерсон е што не настапи во Комјунити Шилд натпреварот против Челзи на почетокот од сезоната.

"Верував дека ќе играм на Комјунити Шилд, но да го заборавиме тоа сега".

"Мислев дека без Кристијано Роналдо во тимот ќе играм повеќе и тоа беше мој предизвик во подготовките".

"Но тренерот одлучива кои ќе играат и смешно е да се дискутира со него за тоа бидејќи тој е шефот. Јас не сакам да го напуштам Јунајтед.

"Сер Алекс Фергусон бараше големо залагање од мене и јас го прифатив тоа. Бидејќи за да се влезе во првиот тим на Јунајтед е многу комплицирано и тешко за било кој фудбалер" - заврши Андерсон.

0 коментари: