петок, 14 август 2009

Скуати на Ферги го следеле Агуеро во Москва:


И покрај тоа што стратегот на Манчестер Јунајтед најави дека тие нема да ангажираат нови играчи ова лето, техничкиот персонал на Шкотот продолжува добро да внимава на Кун Агуеро.

Младата Аргентинска ѕвезда беше поврзувана со преселба на Олд Трафорд откако Фергусон остане без Кристијано Роналдо и Карлос Тевез.

Според Marca скуати на Црвените Ѓаволи биле присутни во Москва на дуелот помеѓу Русија и Аргентина.

Скаутите на Јунајтед сигурно заминуваат дома со големи импресии откако Кун постигна прекрасен погодок и имаше една асистенција.

Но во овој момент Атлетико Мадрид не сака да слушне за продажба на својата голема ѕвезда и во неколку наврати најави дека напаѓачот ќе остане на Висенте Калдерон.

Исто така покрај интересот на екипи од Премиер Лигата за услугите на Кун Агуеро заинтересирани се и гигантите од Италија, Интер и Јувентус.

0 коментари: