вторник, 11 август 2009

„Балак е нефер играч и голем глумец“

По поразот во Комјунити Шилд, менаџерот на англискиот шампион Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон прво го критизираше судијата, а потоа фрли „збор-два“ и кон Михаел Балак, кој го нарече глумец.

Image

Фудбалерите на Челзи го зграбија првиот трофеј на Островот оваа сезона. Во Комјунити Шилд го победија Јунајтед по подобро изведените пенали.

Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник, но потоа голманот на Челзи Петр Чех ги одбрани пеналите на Гигс и Евра. Токму францускиот бочен играч Евра беше во центарот на вниманието во второто полувреме и тоа поради константните „физички пресметки“ го германецот на другата страна, Михаел Балак.

Во 64-та минута Балак влезе во игра, а само веќе неколку минути подоцна со лакто го удри Евра. Потоа французинот поблаго возврати, по што Балак уште еднаш грубо се пресмета со „противникот“.

Балак инстантно требаше да заработи црвен картон. Тоа е една од грубите грешки на судијата на натпреварот.“ - изјави тренерот на Јунајтед Алекс Фергусон, а потоа го искритикува германецот.

Уште одамна знаеме каков играч е тој, но неможам да поверувам дека му се допушти толку многу на натпреварот. Отсекогаш бил глумец. Никогаш не играл фер, ниту најмалку.“ - заврши Фергусон.

0 коментари: