петок, 28 август 2009

Излвечени групите од Лигата на Шампионите:

Со ждрепка во Монако беше одреден составот на групите за овосезонското натпреварување во Лигата на Шампионите.

Уште од самиот старт на Лигата на Шампионите се среќаваат големите гиганти. Шампионот Барселона се падна со Интер во групата Ф. Тоа ќе биде интересен дуел каде Ибра и Ето ќе играат против своите екс тимови. Но исти случај ќе се случи и во групата Ц, каде Кака се враќа во Милано за да игра против својот поранешен тим Милан, но во дресот на Реал Мадрид. Исто така вицепрвакто Манчестер Јунајтед доби наизглед лесна група, но со доста незгодни тимови како ЦСКА Москва, Бешикташ и Волфсбург. Челзи и Ливерпул добија доста незгодни противници во своите групи. Порто и Атлетико можат да му зададат многу проблеми на тимот на Анчелоти, додека Бенитез ги доби Лион и Фиорентина како најнезгодни противници во своите групи. Групата Г доби најнезвучни имиња и ќе бидат доста неизвесни патниците за во 1/8 фналето, додека најлесната група ја доби Арсенал кој ќе игра против АЗ Алкмар, Олимпијакос и Стандард.

Еве го составот на групите:

Група А
Баерн (Германија)
Јувентус (Италија)
Бордо(Франција)
Макаби Хаифа (Израел)

Група Б
Манчестер Јунајтед (Англија)
ЦСКА Москва (Русија)
Бешикташ (Турција)
Волфсбург (Германија)

Група Ц
Милан (Италија)
Реал (Шпанија)
Марсеј (Франција)
Цирих (Свајцарија)

Група Д
Челзи (Англија)
Порто (Португалија)
Атлетико Мадрид (Шпанија)
Апоел (Кипар)

Група Е
Ливерпул (Англија)
Олимпик Лион (Франција)
Фиорентина (Италија)
Дебрецин (Унгарија)

Група Ф
Барселона (Шпанија)
Интер (Италија)
Динамо Киев (Украина)
Рубин (Русија)

Група Г
Севиља (Шпанија)
Ренџерс (Шкотска)
Штутгарт (Германија)
Униреа (Романија)

Група Х
Арсенал (Англија)
АЗ Алкмар (Холандија)
Олимпијакос (Грција)
Стандард (Белгија).

0 коментари: