вторник, 25 август 2009

Андерсон пред заминување од Јунајтед по расправија со Сер Алекс?!


21 годишниот Андерсон има само еден старт во Премиер Лигата оваа сезона – слаби 60 минути во поразот од Барнли минатата недела – и се шпекулира дека поранешниот играч на Порто влегол во расправија со Сер Алекс Фергусон.

Медиумите од Островото велат дека Бразилецот му се пожалил на Ферги поради изоставувањето од составот за Комјунити Шилд дуелот со Челзи на Вембли, натпревар кој се одигра на почетокот од овој месец.

Исто така се верува дека добар дел од персоналот на Ферги под знак прашалник го ставаат развојот на младиот фудбалер, кој прикажа разочарувачка игра во финалето од Лигата на Шампионите против Барселона.

Менаџерот на Јунајтед ова лето зборуваше дека Андерсон и Нани ќе треба оваа сезона да ги покажат своите прави квалитети по продажбата на Кристијано Роналдо и Карлос Тевез.

Фергусон исто така е желен да ги види двајцата фудбалери како долгорочна замена за ветераните Пол Сколс и Рајн Гигс.

И покрај најавите дека Андерсон добил дозвола да замине можно е Фергусон да му укаже нова шанса за докажување на Бразилецот на дуелот со Арсенал бидејќи поранешниот играч на Порто секогаш покажувал солидни перформанси на дуелите со Топџиите.

0 коментари: