вторник, 25 август 2009

Немања Видиќ: Среќен сум во Јунајтед и не планирам да заминам:


Агентот на играчот Паоло Фабри, минатат недела беше цитиран од шпанските медиуми како вели дека ’Видиќ сонува за преселба на Камп Ноу’.

Сепак самиот играч вели дека останува верен на Црвените Ѓаволи и не планира да замине од Олд Трафорд.

“Првото нешто што можам да го кажам е дека јас лично никогаш ништо не сум говорел за Барселона, Реал Мадрид или Милан или било кој друг клуб.” – рече Видиќ.

“Други луѓе говорат за тоа. Јас никогаш не сум говорел за мојата иднина.”

Откако се опорави од повредата на листот, Српскиот интернациналец на дуелот со Виган во саботата го имаше првиот настап за Јунајтед во новата сезона.

“На дуелот со Виган на теренот со начинот на кој одиграв покажав колку сум среќен во овој клуб”

“Секој кој е фан на Јунајтед или играчите треба само да видат како одиграв за да знаат колку сум верен на клубот.”

“Разговарав со мојот агент. Знам за сите шпекулации но не сакам тоа да има влијание врз клубот. Не е добро време за мојот клуб да ги слуша овие гласини.”

“Јас сум тука и сум верен на клубот. И ќе го покажам тоа со начинот на кој ќе играм. Но никогаш нема да говорам за мојата иднина и никогаш нема да говорам за преселба во други клубови.”

Видиќ исто така негираше дека неговата сопруга Ана не може да се прилагоди на Англија.

“Не е вистина дека мојата сопруга не е среќна. Не знам од каде излегоа тие гласини.”

0 коментари: