петок, 14 август 2009

Дени Симпсон замина на позајмица во Њукасл:


22 годишниот дефанзивец постигна согласност за договор со клубот од Чампионшип девизијата според кој ќе остане на Сент Џејмс Парк до јануари.

Симпсон веќе беше на позајмица во Сандерленд, Ипсвич и Блекбурн откако ги напушти младинските школи на Јунајтед во 2006.

Њукасл гради тим за експресно враќање во Премиер Лигата откако по крајот на минатата сезона се преселија еден ранг подоле.

Се очекува Симпсон да биде дел од тимот на Њукасл што во сабота на домашен терен ќе го пречека Ридинг.

0 коментари: