среда, 5 август 2009

Бекам се враќа во Јунајтед !


Поранешната „Седумка“ на Манчестер Јунајтед Дејвид Бекам, би можел да се врати на Олд Трафорд по завршувањето на кариерата како професионален фудбалер.

Медиумите од островото најавуваат дека Бекам веќе бил на разговор со Сер Алеск Фергусон околу можноста Бекам еден ден да се врати во Манчестер како спортски работник или пак тренер на подмладокот на Јунајтед.

Бекам си замина од составот на „Црвените Ѓаволи“ во 2003 година потпишувајќи за Реал од Мадрид за тогаш рекорден трансфер од 29 милиони евра.

0 коментари: