петок, 14 август 2009

Јунајтед го сака Агуеро:

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Серхио Агуеро е трансфер цел на англискиот шампион Манчестер Јунајтед.
Image
Раководството на Атлетико го оценува аргентинскиот напаѓач на 30 милиони фунти. Според Сан намерата на црвените ѓаволи е сериозна а нивната цел оди до таму што од Манчестер имало испратено скаути да го следат играчот на натпреварот помеѓу Аргентина и Русија.

Скаутите без сомнение видоа и повеќе од доволно бидејќи Серхио беше еден од најактивните на теренот го постигна и првиот гол а имаше и неколку шанси за погодок. Италијанските гиганти Јувентус и Интер исто така се заинтересирани за него.

0 коментари: