понеделник, 10 август 2009

Руни: Го гледам Овен повторно во репрезентацијата:

Со доаѓањето на Мајкл Овен (30) во Манчестер Јунајтед засилена е напаѓачката линија на англискиот шампион. Вејн Руни, првиот напаѓач на тимот, верува дека тоа може да се копира и во репрезентативниот ред.

Image

Овен веќе подолго време е изоставен од списокот на најдобрите репрезентативци, неговата кариера ја „дрмаа“ многу повреди, а некогаш сигурниот реализатор на Ливерпул и Њукасл како да нема надеж дека ќе се врати во тимот на „Гордиот Албион“.

Шест години помладиот соиграч на Овен, Руни верува дека Мајкл со играта во шампионската екипа ќе го наговори селекторот на Англија Фабио Капело да го врати онаму каде што му е местото.

Го гледам Мајкл во англиската репрезентација. Јасно, тоа е одлука на селекторот, но според мене низ предсезоната изгледаше прилично добро, па убеден сум дека и во сезоната ќе продолжи со таквата форма, но треба малку време за тоа.“ - убеден е Руни.

Морам да продолжам со добрите игри, па ќе видиме каде ќе ме однесе тоа.“ - изрази надеж за враќање Овен кој за „Гордиот Албион“ дебитираше во 1998-та година.

0 коментари: