Поради недоволно излечената повреда на задната ложа капитенот на Арсенал Цеск Фабрегас ќе го пропушти саботниот првенствен дуел на својот тим против Манчестер Јунајтед.
„Фабрегас нема да патува со нас на натпреварот, бидејќи едноставно не е потполно подготвен за тој дуел. Сите останати кои играа во средата се во листата на играчи за ова дерби со Манчестер Јунајтед.“ - потврди менаџерот на Арсенал Арсен Венгер.
Натпреварот од 4-то коло од Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал се игра денеска на Олд Трафорд со почеток во 18:15 часот.
0 коментари:
Објави коментар