понеделник, 24 август 2009

Фергусон задоволен од реакцијата на неговите фудбалери:


Манчестер Јунајтед доби големи критики по изненадувачкиот пораз од Барнли во средата.

"Ние не можеме да бидеме загрижени за тие работи. Треба да погледнеме реално, а реалноста во средата беше разочарувачка" - изјави Фергусон.

"Нема да се убиеме себе си поради тоа, но треба да извлечеме лекција и искуство од тој натпревар".

"Сите знаеме дека имаме фудбалери со големо искуство во нашиот клуб кои освојувале трофеи во изминатите години".

"Поразот не требаше да се случи, но се случи, и беше потребно да направиме нешто".

"Секогаш барате одговор по таков пораз, и ние одлично реагиравме" - смета Фергусон.

Руни вели дека тие не ги слушаат критиките кои доаѓаат надовор од клубот.

"Да бидам искрен ние не сме загрижени за критиките кои доаѓаат надвор од клубот" - вели Вејн Руни.

0 коментари: