недела, 9 август 2009

Нани: Подготвен сум да ја подигнам играта на ново ниво:


Нани само на одредени натпревари го покажа својот квалитет по преселбата од Спортинг Лисабон на Олд Трафорд во 2007.

Тој признава дека неконзистентноста на неговите перформанси понекогаш е фрустрирачка но со нетрпение го очекува новиот шампионат и верува дека може да има големо влијание врз играта на Јунајтед.

“Мислам само на оваа сезона. Минатото го заборавив. Сакам да бидам ’човекот’.” – рече Нани за Sunday Telegraph.

“Мислам дека треба уште многу да направам за да го покажам најдоброто од мене, бидејќи тоа сеуште го немам сторено.”

“Одиграв многу натпревари и направив некои добри работи, но потребно е да се подобрам.”

“Сакам да стигнам до точката каде што ќе имам доверба од менаџерот, играчите и фанвоите.”

Нани беше засенет од неговиот сонародник Кристијано Роналдо но крилото сега е дел од Реал Мадрид.

Тој се надева дека ќе може да помогне во пополнување на празнината што ја остави Роналдо но одбива да биде споредуван, велејќи дека тој учел од неколку други фудбалери на Јунајтед.

“Знам дека многу луѓе ме споредуваат со Кристијано, но не го сакам тоа бидејќи сме различни фудбалери.”

“Сакам луѓето да зборуваат за Нани наместо да кажуваат, ’погледнете го направи тоа како Роналдо’.”

“Станав подобар фудбалер играјќи покрај него, но исто така учев од другите, од Сколс додавањата од Гигс интелегентни движења и од Руни како да бидам подобар реализатор.”

0 коментари: