вторник, 4 август 2009

Клубот пред репрезентација:

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер го стави интересот на клубот во прв план во однос на настапот во дресот на репрезентацијата на Шкотска.

Селекторот на Шкотска, Џорџ Барли побарал од менаџерот на Јунајтед, Алекс Фергусон да го ослободи Флечер од обврските на натпреварот од Супер купот на Англија со цел да биде одморен за квалификацискиот дуел против Норвешка.

Флечер не се согласува со ова барање на селекторот и истакна дека сака да настапи за својот тим и дека на репрезентацијата ќе и се приклучи веднаш по завршувањето на дуелот на Вембли што ќе се одигра в недела.

Барли овој потег на Флечер го сфаќа и истакнува дека тој се наоѓа во тешка ситуација во клубот и дека мора да се бори место во стартната постава, но се надева дека тој на оваа средба нема да заработи повреда пред важниот меч против Норвешка.

0 коментари: