понеделник, 3 август 2009

Фергусон очекува Бербатов да блесне во престојната сезона:


Фергусон вели дека не го искористиле Бербатов на вистинскиот начин минатата сезона, но очекува тој да блесне во сезоната што престои.

Бугарскиот интернационалец не ги исполни очекувањата во својата прва сезона во дресот на Манчестер Јунајтед, постигнувајќи само 14 гола на 43 натпревари.

Фергусон е задоволен од играта на Бугаринот на подготовките и очекува така да биде и во текот на сезоната.

"Ја очекував формата која на подготовките ја видовме од Бербатов" - вели Фергусон.

"Минатата сезона беше тешка за него и можеби ние не го користевме на вистинскиот начин".

"Сега точно знаеме како да го користиме него, напред во шпицот, како централен напаѓач".

"Тој ќе напредува и мислам дека ќе има одлична сезона" - заврши Фергусон.

0 коментари: