понеделник, 31 август 2009

Вејн Руни: Сакам да за завршам кариерата во Манчестер Јунајтед!

EPL: Wayne Rooney, Manchester United v Arsenal (PA)

Вејн Руни ја изрази својата желба да остане во Манчестер Јунајтед до крајот на неговата кариера.

Со трансферот на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид вреден 80 милиони фунти, многу се очекува од Руни оваа сезона и на тоа одговара со прекрасни голови и асистенции во дресот на Ѓаволите.

Руни вели дека ужива додека игра за Манчестер Јунајтед и има освоено многу трофеи за пет години кога направи транфер од Евертон во Јунајтед вклучувајќи три премиерлигашки титули една титула во Лига на Шампиони, една Клубска Светска Титула и една титула во Карлинг Купот.Руни изјави дека не може да се замисли да игра негде на друго место освен во Манчестер Јунајтед.

"Јас секогаш велам дека го сакам овој клуб и додека сум посакуван во овој клуб ќе играм за него.Толку е едноставно." - изјави Вејн за The Daily Telegraph.

"Не гледам причина поради која би заминал во друг клуб.Јас добивам се што ми треба тука."

"Мојата фамилија е на 30 минути далеку, јас сум сместен тука(Манчестер) и искрено не се гледам себеси дека одам некаде додека тоа не ми го каже само тренерот(Сер Алекс Фергусон) ."

Руни го постигна израмнувачкиот гол од пенал против Манчестер Јунајтед и го најави пресвртот на неговиот клуб во победата од 2 - 1 над Арсенал.

"Никој не знаеше кој ќе ги изведува пеналите откако си замина Роналдо." - додаде Руни."Ние имавме еден промашен пенал против Барнли кој не чинеше изгубен меч нажалост тогаш Мајкл(Керик) го промаши пеналот и после тој промашен пенал му реков на тренерот дека јас сакам да ги изведувам пеналите и го направив тоа добро против Арсенал."

23 годишниот играч знаеше колку важна е оваа победа за неговиот клуб за да започне одбраната на титулата на Црвените Ѓаволи.

Тој објасни, "Ние загубивме веќе еднаш, па затоа ни беше потребна оваа победа.Супер е за нас што го добивме мечот." - заврши Руни.

Извор!

0 коментари: