Иако англиските медиуми секојдневно пишуваат за неговото заминување во грчки Олимпијакос, фудбалерот на Манчестер Јунајтед Зоран Тошиќ тврди дека ништо не знае за таа евентуална преселба во Атина.
Српскиот репрезентативец додаде дека ќе се „наоружа“ со трпение и ќе се потруди да се наметне во тактиката на менаџерот на „Црвените Ѓаволи“ Сер Алекс Фергусон.
„Решен сум да ги дочекам своите пет минути во првиот тим. Има многу натпреварувања и натпревари, и верувам дека порано или подоцна ќе добијам добра прилика, за на тренерот и на останатите да им докажам дека моето место е овде.“ - додаде Тошиќ, по што сепак со одбрани зборови говореше за најголемиот клуб во Грција.
„Олимпијакос е голема фудбалска средина, клуб со најмногу национални титули во последната деценија и редовен учесник во Лигата на Шампионите. Исто така, на млади години, тренирајќи во АЕК, се запознав и со животот во Атина, но тоа не значи дека ќе се преселам таму.“ - напомена поранешниот играч на Партизан.
0 коментари:
Објави коментар