вторник, 11 август 2009

Сер Алекс: Можеме да ја одбраниме титулата:


Јунајтед оваа сезона ќе се обиде да биде првиот тим од Премиер Лигата што освоил четири титули во низа. Тоа ќе биде 19ти пехар за Црвените Ѓаволи со што ќе има една повеќе од големите ривали Ливерпул.

Сер Алекс Фергусон е свесен за заканата од пријателите на Јунајтед од ’топ четворката’ особено од Ливерпул, Челзи и Арсенал, но Шкотот предупредува дека треба да се внимава и на градските ривали Сити.

“Освојување на четири титули во низа е нешто што посакуваме и тоа ќе биде голем успех.” – рече Сер Алекс.

“Знаеме колку е тешко да се освои лигата. Минатата сезона прифативме добар предизвик во однос на тоа дека требаше да одиме Јапонија (за Светскиот Клубски Шампионат) и потоа игравме ’брканица’ со ривалите до крајот на сезоната за да го освоиме шампионат и тоа беше големо достигнување.”

“Оваа сезона нема да го имаме тој проблем, иако посакувам да го имавме. Но (обидот да се освојат четири титули во низа) сеуште е голем предизивк за нас.”

“Тешко е да се каже (кој клуб е најголемата закана). Мислам дека ние, Ливерпул, Челзи и Арсенал гледаат што се случува со Манчестер Сити и дали можат да успеат со сите тие пари што ги потрошија.”

“Тие постојано ги исполнуваат насловите страни и има многу интересна ситуација бидејќи никој од нас навистина не настапи ’големо’ на овој трансфер пазар.”

“Сите продадовме некој играчи – Ливерпул го продаде Алонсо, ние Роналдо, Арсенал го продаде Адебајор... големите четири екипи беа тивки (кога е во прашање купување).”

“Па сите сме заинтересирани да видиме што ќе се случи со Сити.”

0 коментари: